Министерот Јолевски на тридневен министерски состанок во Будва

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, од денеска до 16 октомври ќе учествува на сеопфатниот регионален министерски состанок кој ќе се одржува во Будва, Црна Гора. 

Во рамки на сеопфатниот состанок ќе се одржат состаноци на министрите за одбрана на земјите од САД-Јадранската повелба и СЕДМ (SEDM – South Eastern Defence Ministerial) - состанок на министри за одбрана во Југоисточна Европа и на политичките директори на земјите од Западен Балкан, соопшти денеска МО.

Целта на овој сеопфатен состанок е усогласување на регионалната одбранбена и безбедносна соработка на земјите од Западен Балкан и Југоисточна Европа во рамки на регионалните иницијативи на земјите од САД - Јадранската повелба (А5) и од соработката на министрите за одбрана од Југоисточна Европа (СЕДМ).

14.10.2014 - 09:33


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа