Денеска е Пoкров на Пресвета Богородица

Празник посветен на вечноито покровителство на Мајката Божја

Овој празник е во врска со почитувањето на Пресвета Богородица како заштитничка и покровителка на сите христијани. Настанот што се празнува на 1 октомври (с.с.) се случил на овој ден 911 година за време на цар Лав Мудри (Филозоф). Тогаш за време на ноќното бдеење во црквата посветена на Богородица во Цариград, кога била преполна со народ, во четвртиот час по полноќ се појавила Богородица со покрив во рацете. Блеснала во сјај придружена од апостоли, светци, маченици и девици. Со покривот го покрила целиот народ за по нејзиното исчезнување да исчезне и покривот оставајќи им благосостојба на тие што тука се нашле во тој момент.

Празникот Покров на Пресвета Богородица е востановен во спомен на овој настан, но и да потсетува на постојаното покровителство на Пресвета Богородица и помошта што таа им ја дава на сите што ѝ се молат искрено.

14.10.2014 - 09:09


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа