Се самоуби висок функционер на партијата „Достоинство“

Денес, рано наутро, животот си го одзеде Гоце Велковски - Тунтар од Куманово, член на “Достоинство“ од самото формирање, информираше лидерот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов.

-Како професионален војник на АРМ учествуваше во одбраната на Република Македонија во 2001 година. Последната година работеше во агенција за обезбедување во Куманово. Зад себе остави 3 малолетни деца.Почивај во мир, македонски бранителу, напиша Ангелов.

Погребот ќе се одржи утре во 14.00 часот, на градските гробишта во Куманово.

 

13.10.2014 - 22:45


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега