Во среда најтоплиот ден оваа есен - потоа доаѓаат облаци

Во текот на утрешниот ден во утринските часови ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 6°C до 13°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 20°C односно до 27°C. Во вечерните часови ќе има појава на слаба магла, пренесува сајтот weather4all.com.mk.

Во среда во утринските часови ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Во доцните попладневни часови зголемување на облачноста. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 7°C до 14°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 21°C односно до 28°C.

Во четврток во Македонија ќе биде претежно облачно и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 20 км/ч, а во западните предели ќе дува засилен југозападе ветер со брзина и до 40 км/ч. Утринските температури во пораст и ќе се движат од 9°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 17°C до 24°C.

Во петок ќе биде претежно облачно со кратки сончеви периоди и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури од 9°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 16°C односно до 23°C.

13.10.2014 - 21:57


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега