Проклет автопат: Актерот ја прегази жената на истото место каде што загина Тоше Проески

Познатиот босански актер Емир Хаџихафизбеговиќ доцна синоќа на автопатот А3 во близина на Загреб прегази жена, во истиот период – месец октомври загинаа и нашиот пејач Тоше Проески и актерката Долорес Ламбаша.

На истото место каде познатиот актер Емир Хаџихафизбеговиќ доцна синоќа на автопатот А3 во близина на Загреб прегази жена, во истиот период – месец октомври загинаа и нашиот пејач Тоше Проески и актерката Долорес Ламбаша.

Имено минатата година во октомври на истиот автопат во сообраќајна несреќа загина хрватската актерка Ламбаша, а Тоше го загуби животот пред шест години на 16.октомври на истиот автопат.

Поради зачестените сообраќајни несреќи овој автопат во медиумите често е нарекуват и „проклет“ и до сега однесе голем број на животи.

Актерот Емир Хаџихафизбеговиќ и е познат на македонската публика по улогите во филмовите: Караула  и Деца на сонцето.

13.10.2014 - 21:39


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега