Големо апсење во Скопје - паднаа педофили кои подведувале малолетни девојчиња

 

Полицијата приведе две лица од ромска националност кои врбувале три малолетни девојчиња. Сител неофицијално дознава од извори блиски на истрагата дека најмалата девојка имала 14 години. 

Макроата неколку месеци ги држеле затворени во куќа во Шуто Оризари, каде сексуално ги злоупотребувале и секојдневно ги изнајмувале на клиенти. Девојчињата биле принудувани да даваат сексуални услуги за пари. Малолетничките биле психофизички малтретирани. Монструмите ги истетовирале и своите имиња на телата на девојчињата. Биле врзувани и чувани во куќата каде биле предмет на издавање. Девојчињата биле носени по мотели низ земјава. По тримесечна сексуална тортура едно од девојчињата успеало да дојде до мобилен телефон. Викендов се јавила и конечно повикала полиција. МВР денеска успеа да ги приведе двајцата монструми. Од Министерството го потврдија случајот, но не се откриваат детали бидејќи истрагата сеуште е во тек. 

 

 

 

13.10.2014 - 19:35


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега