Руските војници се повлекуваат од украинската граница

 

Украинската Влада денеска потврди дека руските војници започнале да се повлекуваат од границата меѓу Украина и Руција, но во исто време ја обвини Москва дека и натаму дозволува премин преку граничната линија на доброволци кои им се придружуваат на проруските сепаратисти. 

Како што јави ДПА, портпаролот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана Андриј Лисенко изјави дека руските сили ги демонтираат камповите крај граничната линија и дека се повлекуваат.

Кремљ вчера соопшти дека рускиот преседател Владимир Путин издал нарадба за враќање во нивните касарни на над 17.000 припадници на Вооружените сили на Русија, кои „учествувале во воени вежби во реонот на Ростов“, град кој се наоѓа во близина на руската граница со Украина.

Лисенко сепак обвини дека Русија и натаму продолжува да ги обучува сепаратистичките борци и дека дозволува премин на доборовлци преку границата, кои им се приклучуваат на проруските сили во источна Украина.

Според Лисенко, во последниве 24 часа во престрелки во источна Украина загинале еден украински војник и еден цивил.

Од 5 септември во сила е прекин на огнот меѓу украинските сили и сепаратистите, но тој досега беше прекршуван повеќе пати со меѓусебни судири, при што имаше и жртви. 

13.10.2014 - 18:45


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега