ВИДЕО: Најомразената мајка на светот се исповеда во шоуто на Опра
Бренда Селби стана најомразената мајка на светот, кога пред седум години на гостувањето во шоуто на Опра ја раскажа својата страшна животна приказна како родител.
Таа сега се врати во истото шоу за да го раскаже животот по трагедијата.
Бренда заедно со нејзиниот сопруг имала 2 ќерки.
Во август 2007 година сопругот на Бренда, Гери не можел да ја однесе Сесилија кај дадилката, а таа прифаила да ја однесе.
Имено, во ток период Бренда многу тешко ја балансирала кариерата како заменик директор и мајка на 2 девојчиња.
Кога Бренда се упатила кон дадилката сфатила дека е премногу рано, па попатно решила да заврши неколку обврски. Застанала до пекара да купи јадење и се упатила кон училиштето во кое работела. Во меѓувреме, нејзината Сесилија тивко седела на задното седиште. Бренда излегла од колата, се упатила кон своето работно место и потполно го заборавила своето девојче. Поминале многу часа додека сфатила дека Сесилија останала заклучена.
- Седев во канцеларија и една добра пријателка, инаку учителка во училиштето во кое работам, си тргна дома. Поминала покрај мојата кола и дотрча со панични викотници. „Бренда, бебето ти е во кола!!!“ Истрчав колку побргу можев. Знаев што ќе најдам. Ја отворив вратата и се сеќавам дека слушав гласови околу мене, слушав како сите вриштат. Ја повлеков толку силно што ја повлеков заедно со седиштето. Ја земав и знаев дека е мртва. Штом ја земав, знаев, раскажала Бренда.
Сесилија починала од топлотен удар по цели 8 часа.
Ова е нејзината приказна:
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа