Католичката црква не е против легализaција на истополовите партнерства

 

Католичката црква не е против легализaција на истополовите партнерства, но смета дека тие не треба да се изедначуваат со бракот, јави ДПА, повикувајќи се на изјава на претставник на Ватикан.

- Црквата е против користењето на истата терминологија за хомосексуалните и хетеросексуалните партнерства, изјави монсењор Бруно Форте.

Човековите суштества со различно искуство имаат права кои треба да се заштитуваат, додаде тој, имајќи ги предвид истополовите партнерства.

Според него, можното регулирање на овие права е прашање на почитување на достоинството на луѓето. 

13.10.2014 - 17:32


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега