ХОРОР: Тинејџерка ја врзала својата другарка за дрво и и ги сечела прстите со секира

 

Петнаесет годишната Алена Скриванкова од чешкиот град Брно, ја одвела другарката Јитка Свехлова (10) во околната шума и им рекла на нејзините дека ќе си играат.

Штом се тргнале од погледот на родителите, Скриванкова ја врзала девојката за дрво и почнала да и ги сече прстите со секира која ја носела во ранец.

- Девојката некако успеала да побегне, а преплашените родители веднаш повикале полиција. Кога пристигнавме на местото на настанот, ја најдовме тинејџерката како седи со секирата во една рака и седум одсечени прсти во другата. Ова е многу вознемирувачки случај, наведува извор од полицијата.

Тинејџерката е однесена на психијатриско лекување и раскажала дека морала да му принесе жртва на ѓаволот, а нејзината жртва се опоравува во болница.

 

13.10.2014 - 16:28


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега