Вељаноски се сретна со претставници на Сојузот на борците на Македонија

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска се сретна со претседателот, потпретседатeлите и членови на Сојузот на борците на Македонија Тодор Атанасовски, Томе Малески, Верка Бунтеска и  Борис Стојановски, лично честитајќи им го 11 Октомври – Денот на народното востание и потенцирајќи го значењето и нивната улога во слободата и нејзината благодет која денеска ја имаме благодарение на нивната храброст, истрајност и безусловни залагања.
На средбата, како што соопшти денеска Кабинетот на Вељаноски, соговорниците размениле мислење за актуелната состојба на политички план во Република Македонија, за проблемите и предизвиците како дел од секојденевието, за посветеноста и напорите кои се прават за реализација на стратешките определби на нашата држава.
Претставниците на Сојузот на борците го запознале претседателот со свои видувања за одредени прашања, со проблемите со кои се соочуваат во текот на активностите и функционирањето на Сојузот.

Вељаноски и гостите го посетиле реновираниот дел од зградата на Собранието каде што се наоѓа и Спомен собата од АСНОМ, направена 2004 година по повод 60 години од Првото заседание на АСНОМ, а минатата, 2013 година, во состав на целокупната реконструкција на парламентарната зграда, е реновирана. 

13.10.2014 - 12:41


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега