Националистите со водство на изборите во БиХ

Бакир Изетбеговиќ, Драган Човиќ и Жељка Цвијановиќ како претставници на Бошњаците, Хрватите и Србите водат во трката за трипартитното претседателство соопштуваат од Централната изборна комисија.

Изетбеговиќ за време на кампањата инсистираше на силна обединета држава, Човиќ за создавање хрватски ентитет во Босна, додека Цвијановиќ за расформирање на Босна како држава.

Изетбеговиќ, прогласувајќи ја победата, изјави дека неговата партија ќе биде водечка сила во земјата и основа за сите идни коалиции при формирањето влада, додека пак Човиќ се залага за за создавање хрватски ентитет во Босна, додека Цвијановиќ за расформирање на Босна како држава.

Само 54 отсто од 3 милиони и 300 илјади луѓе со право на глас излегоа на изборите што е за скоро два проценти помалку од изборите одржани во 2010 година.

На изборите им претходеа насилни граѓански протести во февруари поради корупцијата и сиромаштијата, како и поплави во мај, односно критики до властите дека несоодветно реагирале на катастрофата.

Босна е една од најсиромашните земји во Европа, со невработеност од 44 отсто и просечната плата од околу 520 долари.

13.10.2014 - 11:07


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега