Поради фаталната грешка си го уништи животот- ова е најомразената мајка во светот

Пред точно 7 години Бренда Слеби беше гостинка во шоуто на Опра, каде ја раскажа својата страшна животна приказна како родител. Бренда признава дека направила грешка заради која нејзината ќерка го загубила животот.

Откако стана позната како најомразената мајка во светот, 7 години подоцна се врати во истото шоу за да го раскаже животот по трагедијата.

Бренда заедно со нејзиниот сопруг имала 2 ќерки. Помладата, Сесилија, имала само 2 години кога починала.

Сè започнало во август 2007 година, кога сопругот на Бренда, Гери, не можел да ја однесе Сесилија кај дадилката.

Бренда ја прифатила одговороноста, и покрај тоа што тешко ја балансирала кариерата како заменик директор и мајка на 2 девојчиња.

Кога Бренда се упатила кон дадилката сфатила дека е премногу рано, па попатно решила да заврши неколку обврски. Застанала до пекара да купи јадење и се упатила кон училиштето во кое работела.

Во меѓувреме, нејзината Сесилија тивко седела на задното седиште.

Бренда излегла од колата, се упатила кон своето работно место и потполно го заборавила своето девојче. Поминале многу часа додека сфатила дека Сесилија останала заклучена.

- Седев во канцеларија и една добра пријателка, инаку учителка во училиштето во кое работам, си тргна дома. Поминала покрај мојата кола и дотрча со панични викотници. „Бренда, бебето ти е во кола!!!“ Истрчав колку побргу можев. Знаев што ќе најдам. Ја отворив вратата и се сеќавам дека слушав гласови околу мене, слушав како сите вриштат. Ја повлеков толку силно што ја повлеков заедно со седиштето. Ја земав и знаев дека е мртва. Штом ја земав, знаев, раскажуваше Бренда пред 7 години.

Сесилија починала од топлотен удар по цели 8 часа.

Токму заради овој настан Бренда е разведена, а вели дека единствена причина заради која сè уште е жива е нејзината друга ќерка.

Ова е нејзината приказна:

13.10.2014 - 10:10


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега