Познат актер прегази жена - починала во болница

Познатиот актер Емир Хаџихафизбеговиќ предизвикал сообраќајна несреќа во која животот го загубил пешак, јавува „дневник.хр“.

Несреќата се случула вчеравечер на автопатот А3 во близина на Загреб, кога најпрво невнимателен возач ги урнал знаците за предупредување, кои означувале дека на автопатот се работи, а потоа побегнал од местото. Малку подоцна на тој дел налетал друг автомобил на кого во моментот му покнала гума. Во него имало маж и две жени кои излегле од автомобилот и почнале да ја менуваат гумата. Но, тука не завршила драмата.

При ударот, една од жените била потешко повредена, а, за жал, подоцна во болница им подлегнала на повредите.

- Не сум сериозно повреден, но не можам да зборувам – рекол актерот во телефонски разговор за „Дневни аваз“.

13.10.2014 - 09:56


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега