Тројца германски фоторепортери уапсени во Турција

Тројца германски фоторепортери се уапсени во југоисточниот дел на Турција додека ги следеле демонстрациите на Курди против екстремистичката Исламска држава, соопшти синоќа Берлин.

Портпаролка на германското министерство за надворешни работи, која побарала анонимност, изјавила дека фоторепортерите биле уапсени од страна на турската полиција. Според неа германската амбасада е во контакт со фоторепортерите и локалните власти за разјаснување на ситуацијата.

Германските новинари се уапсени пред еден ден во Дијарбакир.

13.10.2014 - 09:24


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега