Турција одобри користење на базите за борба против ИД

Турција ќе дозволи САД и коалициските сили да ги користат нејзините воени бази за воздушни напади врз џихадисти на Исламската држава (ИД) во Сирија и Ирак, објави синоќа Вашингтон.

Според неименуван претставник на американското Mинистерство за одбрана, коалицијата на западните сили кои се борат против ИД ќе може да ја користи и турската база Инџирлик, во јужниот дел на земјата.

Администрацијата на американскиот претседател Обама ја повика Турција да земе поголема улога во борбата против екстремистите на ИД

13.10.2014 - 09:17


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега