Приштина: Ослободен поранешниот командант на ОВК Фатмир Лимај
Денеска судот во Приштина го ослободи од притвор пратеникот Фатмир Лимај, инаку поранешен командант од Ослободителната војска на Косово, обвинет за воени злосторства.
Адвокатот на Лимај, Том Гаши изјави дека неговиот клиент е ослободен заедно со уште неколкумина други обвинети.
Тие се обвинети за тортура и за убиство на српски и албански цивили во Клечка.