Познат македонски кошаркар уапсен во Грција

За поседување на 1,5 килограм хашиш грчката полиција повторно го уапси поранешниот кошаркар на МЗТ, Михаил Мишунов, објави Канал 5.

-Непосредно пред апсењето, по добиените информации, полицијата го следела поранешниот ас и го забележала во Солун како остава кеса со две стаклени тегли полни со преработен хашиш – чоколада, со тежина од 1655 грама, а веднаш потоа се оддалечил од местото. При апсењето и претресот на неговиот дом, биле пронајдени 13 кутии цигари без маркица, 3 мобилни телефони и додаток за оружје. Пред обвинителството ќе одговара за поседување дрога, нелегално оружје и прекршување на законот за нелегална трговија, јави телевизијата.

50 годишниот Мишунов, на македонската јавност и е познат и по неговите успеси во кошарката, но и по криминалното досие и поврзаноста со грчкото подземје. Пред 5 години беше уапсен за поседување  противтенковски и ракетни фрлачи откако полицијата во неговиот џип откри оружје и беше осомничен за трговија со нелегално оружје и украдени автомобили. Доби 10 години затворска казна, а по само 2 години поминати во затвор, беше пуштен со кауција од 5000 евра, и забрана за излез од Грција.

12.10.2014 - 13:52


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега