Мислеле дека е мртов, кога го виделе се шокирале

Карен и Џеј Прист од Аљаска се пресреќни што нивниот син Џастин е жив и здрав и се наоѓа во домот на неговата девојка, откако поради несреќна случка со погрешен идентитет полицијата им соопштила дека загинал во сообраќајна несреќа.

Тие се јавиле кај сите роднини да ги известат за жалната вест и отишле во домот на нивниот втор син Коди да му ја пренесат тажната вест.

Но кога стигнале во домот на девојката на Џастин, Џулија, се шокирале кога токму Џастин ја отворил вратата. Тој не знаејќи за грешката се збунил кога ја видел неговата фамилија како плаче, но овој пат од среќа.

-Не знаев зошто викаат и плачат. Уште бев поспан. Почнаа да викаат: „Слава на Бога! Ова е чудо!“, изјавил Џастин за АП.

Откако му ја објасниле целата случка, Џастин се јавил во полициската станица да им каже дека идентификувале погрешна личност. Полицијата се извинила за болката што ја нанела на семејството.

Според командирот на полициската станица, полицијата всушност му дала наредба на еден од нивните вработени само да ја контактира фамилијата и да дознае дали жртвата е нивниот син, а не да ги извести дека нивниот син е загинат.

Вистинската жртва и Џастин всушност имале исто име, но биле на различна возраст, ден на раѓање и различно средно име. Полицијата ја известила фамилијата на вистинската жртва во четвртокот попладне.

 

12.10.2014 - 13:46


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега