Со премиерот не пиевме кафе - Еве ги деталите кои Заев ги кажа по средбата со Груевски
„Средбата освен протоколарен карактер е и огромен позитивен исчекор во насока на отворање на дијалог помеѓу власта и опозицијата. Можам да кажам дека е постигнат огромен напредок“, изјави Зоран Заев по едночасовната средба со премиерот Груевски.
„Го отворив прашањето за Комисијата за настаните од 24 декември и со премиерот договоривме да искомуницираме директно во наредниот период или преку нашите претставници за конечно да биде постигнат договор за оваа комисија“ - рече Заев
Тој смета дека вкавите средби треба да стана пракса и смета дека до сега двете страни биле виновни што не постоел ваков дијалог. Не конкретизираше кои проекти на Владата ги смета за успешни но најави дека во идинина опозицијата ќе биде конструктивна ќе знае да го пофали она што е добро но и да се спротивстваи на она што смета дека треба да се направи поинаку
Тој не сакаше да коментира дали со Груевски разговорале за спорот за името ниту пак прифати да одговори важни прашања во врска со партијата која ја предводи како и идната улога на досегашниот лидер Бранко Црвенковски, но обелодени дека со премиерот не пиеле кафе.
„Со Груевски не пиевме кафе тук вода“
Од кабинетот на Груевски најавуваат соопштение со детали за разговорот.
ФОТО: Плусинфо