Прегазил двегодишно детенце - крвав викенд во Тетово

Две страотни сообраќајки викендов ја потресоа Македонија. Две лица од Тетово, 48-годишен маж и двегодишно девојче, се потешко повредени во две одвоени сообраќајни несреќи.

Во првиот случај девојчето било повредено вчера околу 17 часот и 30 минути откако било удрено од возило „форд мондео“ со тетовски регистарски таблички кое се движело наназад на улицата „29 Ноември“ во Тетово. Кога го слушнал ударот, од куќата истрчал таткото на девојчето и заедно со возачот на фордот го префрлиле девојчето, кое било во бесознание и со тешки телесни повреди, во тетовската болница од каде било испратено на скопските клиники. Возачот во меѓувреме си заминал, полицијата извршила увид на местото од сообраќајката и работи на утврдување на неговиот идентитет, негово пронаоѓање и утврдување на причините за несреќата.

Втората сообраќајка се случила ноќта помеѓу петокот и саботата половина час по полноќ, на автопатот Тетово - Гостивар во висина на локалниот пат за Пирок кога  два автомобила - „фолксавеген шаран“ со тетовски регистарски таблички управуван од 64-годишниот В.Х. од Скопје и „хјундаи“ со тетовски регистарски таблички управуван од 48-годишниот Д.С. од Тетово, еден по друг налетале, удриле е усмртиле куче скитник. Првиот автомобил поминал без посериозни последици, додека возачот на хјундаито од ударот загубил контрола врз возилото и тоа удрило во заштитната ограда помеѓу двете ленти на автопатот, се одбило и се превртело на покривот. Возачот добил скршеници на 'рбетот по што од тетовската болница каде бил префрлен бил упатен на скопските клиники.

Во изминатата година на тетовското подрачје се случиле околу 80 сообраќајни несреќи со животни и во најголем дел завршиле само со материјални штети.

12.10.2014 - 11:49


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега