Драма во Зоолошка: Тригодишно детенце падна во кафезот со јагуари

Тригодишно дете во приружба на неговите татко и дедо, во петокот паднало во живеалиштето на јагуарите, во зоолошката граина во Арканзас. Детето се наведнало над оградата и паднало од 4,5 метри висина. Животните ја искористиле можноста и едно го гризнало детето за стопалото, а друго за вратот.

Јагуарите ги избркале со противпожарни апарати, по што чуварите во зоолошката се спуштиле во живеалиштето и го извлекле детето. 

Тоа е веднаш префрлено во болница во критична состојба, но до денеска состојбата му е стабилизирана, извести CNN.

 

12.10.2014 - 11:41


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега