Клуч на врата за неисплата на минималец

Според информациите на Сојузот на синдикатите на Македонија, (ССМ), осум проценти од фирмите во државата не ја исплатуваат минималната плата од 8.050 денари, па за нив се бараат построги казни.  

Предлогот кој опфаќа забрана за работа на фирмата од 15 дена, е прифатен од социјално- економскиот совет и ќе влезе во владина процедура.  Претседателот на ССМ Живко Митревски информира и дека повеќето фирми веќе исплааќаат регрес за годишен одмор, а останатитте имаат рок за тоа до крајот на годината.  Тој предупредува дека работодавачите кои од работниците ги бараат парите назад ќе одговараат кривично.

Засега законска обврска за исплата на К 15 имаат само приватните компании, доека пак за колективниот договор за администрацијата во кој се очекува да се утврди обврска за исплата на регрес и на овие работници, сеуште се преговара.

12.10.2014 - 11:34


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега