Најмалку 45 лица загинаа во бомбашки напади во Багдад

Најмалку 45 лица загинаа вчера во бомбашки напади во Багдад и околината, додека владините сили продолжуваат да ги одбиваат нападите кон ирачката престолнина од борците на „Исламска држава“.

Во шиитски квартови во западниот дел на Багдад три автомобили бомби усмртија 34 лица.

Во самоубиствен бомбашки напад со автомобил во Казимија загинаа 11 лица, вклучувајќи три полицајци, а 27 беа ранети.

12.10.2014 - 11:30


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега