Страв и паника кај родителите: Манијаци мамат ученички да влезат во нивните автомобили

Двајца непознати мажи во два наврати до сега се обиделе да измамат три девојчиња од Основните училишта во Ниш, со цел да ги намамат да влезат во нивните автомобили. Иако тие им нуделе превоз на девојчињата, тие ја одбиле понудата, по што случајот бил пријавен во полиција.

Според податоците на српскиот АЛо, последниот ваков случај се случил на 2 октомври, на околу 500 метри од училиштето „Kole Rašić“.

- Ученичката кажа дека непознати мажи и се понудиле да ја однесат дома кога таа излегла од училиштето по завршувањето на часовите. Таа се исплашила, викнала по својата мајка. Сепак, немало насилно одвлекување во возилото, но мајката го пријавила случајот во полиција, вели извор на српскиот Ало.

Дури откако прочитале што се случило две ученички на кои им се случило истото, ја раскажале својата приказна за која до тогаш молчеле. 

Директорот на училиштето вели дека безбедноста на училиштето е на високо ниво и децата не се загрозени.

12.10.2014 - 10:43


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега