Русија за шест месеци ќе достави три вакцини против ебола

Русија до шест месеци ќе може да достави три вакцини против вирусот ебола, изјави денеска рускиот министер за здравство Вероника Скворцова.

- Создадовме три вакцини и сметаме дека тие ќе бидат готови во рамки на наредните шест месеци, рече Скворцова.

Светската здравствена организација (СЗО) вчера соопшти дека 4.033 лица во светот починале од вирусот ебола.

Најзасегната држава од болеста е Либерија, каде жртвите се 2.316, по која следуваат Сиера Леоне и Гвинеја, каде починале соодветно 930 и 778 лица.

Девет лица починале во други држави, вклучувајќи ги САД, Шпанија, Сенегал и Нигерија. 

СЗО, која ја изготвува статистиката врз база на собрани податоци од здравствени власти, соопшти дека има 8.399 сомнителни или потврдени случаи на заболените од ебола.

Три лица во Мали се подложија на експериментална вакцинација. Доброволците се меѓу 40 малиски здравствени работници, кои се согласија да учествуваат во испробувањето на вакцината cAd3-EBO-Z, разработена од Националниот институт за алергиски и инфективни заболувања во САД. 

12.10.2014 - 10:26


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега