ВМРО-ДПМНЕ: Партиските војници на СДСМ за Жерновски се поважни од децата во општина Центар

Андреј Жерновски ги излажа граѓаните на Општина Центар. Тој им вети дека ќе изгради училиште и градинка, а сега предлага да се пренаменат тие средства за партиски вработувања во Општина Центар. Тоа говори за него.

          Неколкуте илјади граѓани на Општина Центар кои протестираат против одлуките на Андреј Жерновски имаат право да го искажат своето мислење. Никој политичар, а најмалку Андреј Жерновски нема право да ги стопира во тоа. Тој може да ги квалификува како сака и да им лепи етикети какви сака, но факт е дека тие граѓани протестираат заради лажните ветувања во изборната кампања и погрешните одлуки во период кога Жерновски стана градоначалник.

          За жал, градоначалникот на Општина Центар во првите месеци од своето работење единствено се занимава со партиски вработувања во Општина Центар, со рушење, со блокирање на веќе започнати проекти и со скандалозни и преку ноќ започнати процедури во општината. Жерновски не се занимава со изградба на проекти.

          Господинот Андреј Жерновски очигледно не го познава правниот систем и начинот на функционирање на институциите. Неговото оправдување дека ќе стопирал реализација на веќе започнати проекти заради нивна наводна противуставност, најблаго кажано е трагично и смешно. Единствен надлежен орган за утврдување на противуставност на било кој акт е Уставниод суд, а не самоволието на Андреј Жерновски, Ристо Пенов, Роза Топузовска Каревска и неколку нивни послушници во Советот и во Општина Центар. Тој нема право да оценува противуставност, а најмалку да носи одлука врз база на такви смешни образложенија.

 

          Наместо да ги етикетира граѓаните, да се става над Уставниот суд, над законите и сите институции, Андреј Жерновски треба да работи и да гради проекти во интерес на граѓаните на Општина Центар. За жал тој тоа незнае да го работи. Затоа си бара изговори и покритие за да ја покрие својата неспособност.

(Интегрален текст од реакцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Андреј Жерновски)

најчитано сега