Ова се петте идеални мажи на кои жените не можат да одолеат
Овие се петте „идеални“ мажи на кои девојките не можат да одолеат.
Романтичниот тип
Класика. Тој ѝ носи цвеќиња и чоколади, ја носи на романтични вечери со свеќи, и ѝ симнува ѕвезди. Не се плаши да погледне во нејзините очи и да ѝ каже како се чувствува.
Зошто е неодолив: Жените сакаат да бидат ценети, а романтичниот тип го прави тоа. Покрај тоа, тој ѝ дава слобода и таа да ги искаже своите романтични идеи.
Типот со самодоверба
Тој е сосема сигурен во себе, слушан и почитуван во јавност и оддава аура на моќ и контрола. Во врската не е љубоморен и не се чувствува загрозен од машките пријатели на девојката.
Зошто е неодолив: Жените ги привлекува самодовербата. Им дава чувство на сигурност и заштита, а фактот што тој не бара афирмација од жените прави да биде уште попривлечен.
Уметникот
Уметникот е спонтан и живее за моментот. Често тој ќе ја импресионира со поема или слика посветена на неа.
Зошто е неодолив: Секоја жена сака да се чувствува уникатно и посебно и најдобар начин да се постигне тоа е да биде нечиј извор на инспирација. Таа е интригирана од неговиот креативен ум и посебно од начинот на кој го пренесува тоа во неговата уметност.
Бунтовникот
Бунтовникот оди каде што го носи ветрот, а ветрот обично го носи во некоја откачена авантура. Можеби е страстен мотоциклист, можеби нема да отиде на работа за да ја земе на непланирано патување, но она што е сигурно за овој тип е дека тој не се грижи за последиците и оди онаму каде ќе го однесе моментот.
Зошто е неодолив: Секоја жена сака по малку бунтовност. Се надева дека ќе прифати дел од безгрижниот став, а пак нејзиниот предизвик е да го скроти, иако знае дека нема да успее во тоа.
Интелигентниот тип
Разговорите се неговата силна страна и никогаш не му е доволно од иницирање интелектуално стимулирачки разговори. Тој секогаш внимателно ја слуша и ја засмева со неговиот паметен смисол за хумор. Можат да зборуваат со часови и никогаш да не стане здодевно.
Зошто е неодолив: Интелектуалната поврзаност и стимулирачките разговори се голем дел од она што одржува една врска и од она што привлекува една девојка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа