Изборите завршија - ВМРО-ДПМНЕ освои 58 градоначлници - СДСМ четири
Иако се уште не поминал рокот за жалби до Државната изборна комсија, сепак може да се објави дека локалните избори 2013 конечно завршија. Според вкупните резултати СДСМ го доживеа најтешкиот пораз во историјата на локалните избори, бидејќи освои само 4 градоначалнички места во Македонија. Од другата страна, ВМРО-ДПМНЕ заедно со градот Скопје ги даде кадрите за први луѓе на 58 единици на локалната самоуправа низ Македонија. Во албанскиот политчки блок, ДУИ очекувано го прегази ДПА, земајќи му го градоначлничкото место во Тетово.
Се покажа како добра и одлуката на Стевчо Јакимовски преку Српската напредна странка да влезе во изборната трка во општина Карпош каде го понижи Андреј Петров освојувајќи над 10.000 гласови повеќе.
Вкупно на изборите за градоначлници ВМРО-ДПМНЕ направи разлика од скоро 150.00 гласови пред СДСМ, додека на изборите за советници, коалицијата За подобра Македонија имаше предност од 115 илјади гласа пред коалицијата Сојуз за иднината