Се урна спортски авион - загина познат бизнисмен

Две лица загинаа во пад на спортски авион на аеродромот „Бачки Јарак“ во близина на Нови Сад, јави Танјуг.

Во несреќата загинале пилотот и неговиот сопатник.

Според првичните информации настрадал новосадскиот бизнисмен Томислав Ѓорѓевиќ, сопственик на фирмата ДТП Рибарство, кој пилотирал со авионот. Тој најверојатно е сопственик на приватниот авион во Бачки Јарак.

Идентитетот на другата жртва што била во леталото не е познат.

Авионот бил новиот „SkyLeader 600“, кој учествувал во церемонијата на отворање на новиот аеродром. 

11.10.2014 - 22:33


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега