Џихадистите од ИД се инфилтрирале во предградие на Багдад

 

Екстремистите од „Исламска држава“ се инфилтрираа во едно од багдадските предградија Абу Граиб, кое се наоѓа на само 13 километри од пистата на меѓународниот аеродром во главниот град на Ирак.

Тоа предизвикува сериозна загриженост, откако ирачкото Министерство за одбрана потврди дека ИД има рачни противракетни минофрлачи.

Ирачката војска се уште патролира низ Абу Граиб, и е во состојба на готовност бидејќи борците на ИД ненадејно ги напаѓаат. 

ИД во јануари исто така го освои градот Фалуџа, која е на само 64 километри од Багдад, а ирачките сили за безбедност се борат една година да го освојат. 

11.10.2014 - 14:54


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега