И бебенце е во карантин во хотелот кај Мавровка

Доцна попладне ќе пристигнат резултатите за тоа дали Британецот кој ненадејно почина во Македонија имал ебола. Јованка Костовска предмалку изјави дека лабораториските анализи стигнале  во Хамбург и дека ќе се знае дали има ебола или не до крајот на денот.

Според податоците на Телеграф.мк, во хотелот СУпер 8 кај Мавровка, каде почина Британецот, во карантин деновиве е и бебенце.

Според Костовска сите лица во карантин се добро и имаат се што им треба, вклучувајќи го и бебето.

11.10.2014 - 14:14


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега