Боемски живот во општина Центар: Сметката покажува колку ракии испиле луѓето на Жерновски

 

На 30 април минатата година Андреј Жерновски излезе и се пожали во јавноста со реченицата “Најбогатата општина во Скопје, општина Центар е со празна каса.” Но, по се изгледа дека Жерновски не ја говорел вистината, а пари има, но дали тие наместо на проекти се трошат на скапи забави, ручеци и боемства?

Курир објавува документ  од кој може да се види како општината Центар и пулените на СДСМ вработени во истата трошат пари на граѓаните на Центар на скапи службени ручеци и боемства по кафаните, додека редица проекти не се реализираат под изговор дека општинската каса е празна.

Дека пари има, ама приоритетите на СДСМ и Жерновски се други покажува сметката потпишана од Дејан Тодоровски викан ГЗЕ, инаку вработен во општина Центар на Жерновски на позицијата инспектор, а порано и советник на СДСМ во истата општина.

На сметката може да се види дека Тодоровски одвел најверојатно поголема група на свои пријатели на ручек, на кој се јадело и пиело во изобилство. Потписот на инспекторот од општината Центар Дејан Тодоровски укажува дека истата била прокнижена и фактурирана најверојатно до општината за наплата.

Дека луѓето од СДСМ и  Жерновски си прават скапи боемски забави на сметка на граѓаните покажуваат седумнаесетте лозови ракии кои може да се видат од сметката, како и наливните вина, четирите порции овчо сирење, вкупно дваесет и двете салата специјалитети и месото кое било конзумирано. Вкупниот цех е 16.185 денари, а со попустот тоа ја чинело општината безмалку 13.000 денари, или прецизно 12.948 денари. Пет дена подоцна истата е архивирана и испратена за наплата од Општина Центар.

smetka500

Ова  е само една сметка, но кажувањата кој дојдоа до нас отвораат основ на сомнеж дека постојано Жерновски и луѓето на СДСМ се на службени ручеци и забави по рестораните и кафеаните во Дебар Мало во Скопје и најголемиот дел се наплатуваат со потписи на вработените кои се прокнижуваат за наплата во општината.

Секретарот на општината си се луксузира со службениот автомобил

Дека се случува вистинско луксузирање со парите на Центарци покажува и неодамнешното прашање на претседателот на советот на Општина Центар Мирослав Шиповиќ упатено до градоначалникот на Општината Жерновски со кое посочи дека секретарот на општината за свои лични цели и потреби го користи службениот автомобил. Имено, Шиповиќ отворено го праша Жерновски Зошто секретарот ти се развозува со службен автомобил.

-Со кој пропис се користат службените возила за приватни цели. Секретарот секој ден го гледам со општинското возило си оди дома после работа и наутро со истото се враќа? – праша претседавачот кој е дел од партиската коалиција на власта во оваа општина.

Жерновски на тоа ладно и незаинтересирано одговори дека доколку е така, треба да се реагира.

Има пари за ручеци, боемства и луксузирања, нема плати и пари за проекти

Она што е актуелно во Центар е тоа дека вработените во основното училиште 11 Октомври два месеци не земале плата, сметките на оваа образовна институција се блокирани со што се закочени сите административни работи, а  една третина од наставниците не се вработени, во меѓувреме градоначалникот Жерновски упорно одбива да постави директор на училиштето. 

За Жерновски и Центар поради недостиг на средства во општинската каса се уште не е прифатливо децата во општина Центар да имаат бесплатни курсеви по англиски и часови по физичко, проект кој на пример веќе се применува во општина Аеродром.

Истовремено, додека пари се трошат по кафеани, центарци се жалат за лошата состојба на улиците и фактот што не се поставува ново осветлување во неосветлените делови на Центар, како и тоа дека улиците се нечисти, а комуналните служби ангажирани од општината не ја вршат својата работа ефикасно.

Родителите во општина Центар се жалат и дека Жерновски нема реновирано ниту една кујна, а две во училиштето Свети Кирил и Методиј и Коле Неделковски  продолжуваат во очајна состојба да функционираат во подрумски простории. Под изговор недостиг на пари во општината и учениците во училиштето Свети Кирил и Методиј во строг  Центар немаат спортска сала.   

11.10.2014 - 12:16


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега