Жил Симон избори место во финалето на Мастерсот во Шангај

Французинот Жил Симон е првиот финалист на АТП мастерс тенискиот турнирот кој се игра во Шангај.
Симон експресно за само 45 минути го доби полуфиналниот меч на овој турнир совладувајќи го Фелицијано Лопез од Шпанија во два сета. Во првиот Симон на својот противник му препушти два гема (6:2), а во вториот Французинот беше уште поубедлив и го доби со 6:1.
Тој за противник во финалето ќе го има подобриот од мечот меѓу Србинот Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер од Швајцарија.
Инаку, тениската класика меѓу Ѓоковиќ и Федерер во полуфиналето во Шангај, ќе биде нивни 36-ти меѓусебен дуел. Засега Швајцарецот има минимална предност со 18 победи наспроти 17-те на српскиот тенисер.
Наградниот фонд на турнирот во Шангај изнесува 4,2 милиони долари.
11.10.2014 - 11:53


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега