Пушки, дрва, тупаници - крвава драма во битолско
31 годишниот И.Б. вчера бил крвнички претепан од неколкумина соселани со кои претходно имал расправии. Според неговиот исказ, А.Б. решил да стави крај на расправијата која ја имале, па извадил пиштол и му се заканил дека ќе го убие. Тој бил тргнат од страна на неговиот татко А.А., за веднаш потоа лицата А.Б. и А.Е., физички да го нападнат И.Б., удирајќи го со тупаници и дрва.
Откако А.А. успеал да ја смири атмосферата, А.Е. и А.Б. заминале со тракторот. Но, ова не било крај на неволјите кои ги преживеал И.Б., па кратко потоа бил повторно пресретнат од своите напаѓачи кои овој пат "здраво" го претепале и му се заканиле со пушка дека ќе го убијат.
Од полицијата велат дека по целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.