Почина полицаецот кој настрада во протестите во Турција

 Во турскиот град Адана денеска почина полицаецот кој вчера настрада во судир со демонстрантите додека се обидувал да ги растера.

Полицаецот за жал паднал од надвозник висок пет метри. Лекарите во болницата констатирале мозочна смрт. 

Полицискиот службеник почина без да се разбуди од кома.