Се судрија приврзаниците и противниците на Ердоган во Турција

Десет денови откако избувнувнаа масовните протести во Турција, во градот Ризе се регистрирани и првите судири меѓу приврзаниците и противниците на премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Имено, толпа симпатизери на Ердоган и на неговата Партија на правдата и развојот се нафрлиле врз помала група учесници на антивладините демонстрации, при што морала да интервенира и полицијата.

Во меѓувреме во Истанбул, Анкара, но и во Измир и во уште неколку други градови и денеска продолжуваат демонстрациите против Владата, во кои демонстрантите бараат повеќе демократија, слобода на медиумите и запирање со исламизацијата на турското општество.

Турскиот премиер денеска се враќа од својата неколкуденвна турнеја по земјите на Северна Африка. Кога замина на пат, демонстрациите во Истанбул веќе беа започнати, па тој од Тунис самоуверено изјави дека станува збор за изолирани инциденти, па дека кога ќе се врати, протестите веќе ќе бидат завршени.

 

најчитано сега