Македонија и Италија со исклучителна соработка во областа на културата

Канческа-Милевска информираше и дека во Македонија со низа настани, ќе се одбележи претседателството на Италија со Европската Унија. Министерството за култура до крајот на годината ќе биде покровител на неколку културни содржини кои се организираат во соработка со Амбасадата на Италија.

-Република Македонија и Република Италија негуваат исклучително добра соработка во областа на културата, а оваа за нас пријателска земја е истовремено и наш голем партнер и поддржувач во реализацијата на бројни културни иницијативи, изјави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска синоќа во Македонскиот народен театар, за италијанските медиуми „Ил Матино“, „Чита“, „Република“ и „Кориере дела Сера“ кои се специјални известувачи од 2-то издание на фестивалот Џифони-Македонија, Канческа-Милевска.

10.10.2014 - 20:52


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега