Еден месец притвор за македонскиот кардиолог Борче Петровски

Борче Петровски, македонскиот кардиолог ќе одлежи еден месец во притвор откако во Приштина му беше изречена мерката за сторено кривично дело злоупотребување на службената положба. Петровски како дел од група им овозможил на неколку приватни болници противправно богатење на сметка на Буџетот на Косово. 

Косовските власти се' уште не излегуваат со прецизни бројки, а од Специјалното обвинителство тврдат дека: „постои основано сомнение дека деветтемина го прекршиле законот со потпишување спогодба за здравствено осигурување, кое не го нудат јавните здравствени установи, со приватните болници ’Интернешенел медисин хоспитал’ и ’Интермед’ - двете со седиште во Приштина, а без распишан тендер“. 

10.10.2014 - 20:29


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега