Средба Груевски-Заев: Ова е првото прашање кое премиерот му го постави на новиот лидер на СДСМ

 

Започна средбата Груевски Заев. Новиот лидер на опозицијата влезе во Владата и беше пречекан како гостин во премиерскиот кабинет, јавува репортерот на Press24 од терен. Средбата е се уште во тек но за сега е познато само она што премиерот и лидерот на опозицијата го зборуваа додека внатре беа присутни фоторепортерите и снимателите. Првото прашање на Груевски до Заев било, како планира да функционира како граодначалник на Струмица и лидер на опозицијата со седиште во Скопје. На ова Заев му одговорил дека има одличен кооррдинатор на месната заедница во Струмица кој најверојатно успешно ќе го заменува додека тој ги обавува обврските на лидер во гланвиот град.
Во вторникот Груевски го покани Заев на прва заедничка средба согласно претходно воспостваената пракса.

најчитано сега