ФОТО: Вкусни пити и вина - 11 Велешка Питијада може да започне
Градската улица „Благој Ѓорев“ е преполна со штандови, чадори маси и столови. Поставена е и бина пред зградата на популарно наречена бугарска амбасада.
Завршија и подготовките на последната тонска проба на велешките групи, аугостителите го подготвија и приборот додека винариите ги внесоа првите количини на вино. На неколку часа се е подготвено за одржувањето на 11-тиот Фестивал на пастрмајлии и вино „Велес 2014-та“, пренесува ДУМА.
Гостите кој од надвор кој од другите градови од Македонија веќе пристигнаа, и во наредните два дена ќе можат да уживаат во традиционалниот специјалитет подготвен од ненадминливите велешки пита мајстори.
„Очекуваме одлична забава како и многу гости да ни дојдат. Ова е една од најубавите манифестации што се случуваат во градот.“
„Велешката пита пастрмајлија е најдобра во Македонија. Очекувам да продолжи оваа традиција,“ рекоа граѓаните кои исто така викендов ќе бидат домаќини на најавени гости од државата.
Вкусните пастрмајлии ќе се служат на 23 штанда со стотици столови и маси. Винариите своите брендови ќе ги служат на осум штандови. Манифестацијата официјално започнува вечерва во 18 часот.
“Речиси се е подготвено за престојната питијада. Околу 17 часот ќе започне а час подоцна и официјално ќе ја отвориме годинешната манифестација. Сакам да им се заблагодарам на граѓаните за разбирањето за новиот времен сообраќаен режим во Велес, рече градоначалникот Славчо Чадиев.
Од општината, организаторот на манифестацијата, апелираат граѓаните во престојниот викенд да се воздржуваат од управување на автомобилите како би им дале можност за паркирање на гостите од останатите градови. Сообраќајот постојано ќе го регулира полицијата а за безбедноста ќе се грижат и пожарникарите од градот. Во одвивањето на манифестацијата се вклучени и волонтери.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа