Лек за ебола има - серумот лежи во оние кои што ја прележале!

Сите оние кои ќе успеат да ја преживеат еболата стануваат имуни на истата, и во нив лежи серумот за остатокот од светот кој што се заболени од истата, пишува Плусинфо. 

Ваков случај имало во Либерија во Африука, кога еден камернам - волонтер по име Ашока Мукло заболел од ебола, по што сега се лекува со серумот кој му бил дониран од излекуваниот Кент Брантли. Брантли е човекот кој што успеал да се излечи благодарение на експрименталниот лек на Zmapp во САД. Ваквиот серум претставувал спас и за уште еден американски лекар кој исто така заболел од еболата. Станува збор за Рик Сакра. 

Од Светската здравствена организација, се подготвени за опасноста од ширењето на оваа смртоносна болест. Иако е во експриментална фаза сепак во август годинава, СЗО пушти во употреба на разни лекови и вакцини кои што на еден или друг начин спречуваат ширење на оваа смртоносна болест.

Експерименталниот лек против ебола, кој им бил даден на двајца американски мисионери заболени од оваа болест, по што нивната состојба се подобрила, се произведува од листови тутун и тешко е да се произведе во големи количини, предупреди директорот на американскиот Национален институт за алергија и заразни болести Ентони Фаучи.

Серумот познат под името ZMapp се состои од три антитела произведени со помош на модифицирани листови од тутун, на кои им се потребни неколку седмици да пораснат.

Повеќе на Плус инфо.

 

 

10.10.2014 - 17:23


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега