Најмалку 18 луѓе загина, меѓу кои и четири деца во нападите во Сирија

Најмалку 18 цивили, меѓу кои и четири деца загинаа во  денешните воздушни напади на сириската армија во јужниот дел на Сирија, соопшти Сириската организација за човекови права.

- Подрачјето на градот Хара, кој неодамна е заземен од бунтовниците, денеска е бомбардиран од воздух, како и со проектили земја-земја, што предизвика смрт на 18 луѓе, меѓу кои и четири деца, се наведува во соопшштението на организацијата со седиште во Лондон.

Во Сирија од почетокот на бунтот против режимот на претседателот Башар ал Асад во 2011 година, кој ескалира во граѓанска војна, загинаа повеќе од 180.000 луѓе.

10.10.2014 - 15:38


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега