Во Прилеп првпат изградена Градска капела

На новите градски гробишта во Прилеп денеска беше осветена и пуштена во употреба новата Градската капела. Ова е прв објект од ваков вид што е изграден во Прилеп за потребите на граѓаните.
Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески нагласи дека објектот е граден според сите стандарди.
- Капелата е изградена на засебна парцела од 4.500 метри квадратни, со градежен и корисен дел од 1.000 и со 500 метри квадратни урбанизирано плато. Во капелата ќе можа да се одвиваат 4 погребални церомонии истовремено. Капелскиот дел е фрескоживописан за да може да се извршува опело на покојникот. Инсталирана е и мортална касетна комора со 9 засебни комори и еден замрзнувач во вредност од еден милион и 260.000 денари. Внатрешниот ентериер е осмислен да ги задоволува сите потреби за погребални церемонии, вели Ристески.
За потребите на семејствата се издвоени и посебни простории, со цел да им се олесни на граѓаните сите обреди да се извршуваат во капелата.
Вкупната инвестиција за изградбата на Градската капела е околу 25 милиони денари, од кои 12 милиони се од буџетот на локалната самоуправа а 13 милиони денари вложува ЈКП „Комуналец“ кој ќе стопанисува со објектот.
Денеска започнаа работите за изградба на уште една, помала капела на Старите градски гробишта во центарот на градот.
10.10.2014 - 15:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа