Џихадистите зазеле 40 отсто од Кобане

 

Џихадистите од групацијата Исламска држава зазедоа најмалку 40 отсто од сирискиот курдски град покрај границата со Турција, Кобане, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права. 

Центарот истакна дека исламистите речиси целосно го контролираат административниот регион, каде се сместени локалните власти. 

Џихадистите, според информации на Центарот, го зазеле седиштето на курдските сили за самоодбрана. 

10.10.2014 - 15:06


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега