Поранешниот претседател Горбачов во болница- се бори за живот

Поранешниот претседател на Советскиот сојуз, 83 годишниот Михаил Горбачов е сместен во болница, но е решен да се бори за својот живот, објавија денеска руските медиуми.

 - Состојбата на моето здравје веќе една недела е променливо и сега сум во болница. Моето здравје се влоши, изјави Горбачов, истакнуваќи дека е одлучен да се бори за својот живот.

Според руските медиуми, Горбачов има проблеми со дијабетес. Тој бил хоспитализиран и во јуни минатата година за време систематски преглед.

10.10.2014 - 14:02


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега