УЈП „удри" во Охрид и Струга - затворени 15 златари

Петнаесет златари и една бетонска база во Охрид и Струга се контролирани во вчерашната заедничка акција на полициски службеници, инспектори од УЈП и Републичкиот пазарен инспекторат.

Седум златари во Охрид и осум златари во Струга, како и една бетонска база во Охрид се затворени од страна на Управа за јавни приходи, соопшти денеска МВР. 

Констатирани се низа прекршоци по законот за регистрирање готовински плаќања, законот за платен промет и законот за трговија.

Поради неиздавање фискални сметки на правните субјекти изречени им се парични казни од 3.250 евра и 15 дена затворање на деловниот субјект.

На бетонската база во Охрид изречена е парична глоба од 3.250 евра односно 2.500 евра за правниот субјект и 750 евра за одговорното лице.

Во акцијата, пазарниот инспекторат од неколку златари во Струга одзеде околу четири килограми злато а во Охрид златен накит 

10.10.2014 - 13:29
Фото: 
вест


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега