Крвава драма во Тетово: Го избоделе со нож додека си седел со девојката

34-годишниот Б.И и 19-годишниот З.В.од Тетово си заработија кривична за насилство. На 2-ри месецов околу 5 часот, на улицата „Видое Смилевски Бато“, додека 25-годишниот Е.Џ. бил со неговата девојка Е.Р.(24) од Скопје, дошле двајцата насилници со патничко возило „опел кадет“, по што физички го нападнале Е.Џ. Во еден момент Б.И. извадил нож и му нанел три убодни рани на тетовчанецот.

Девојката се испаничила и при обид да ги раздвои, и таа се здобила со гребнатини и исекотини.

10.10.2014 - 12:28


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега