Курц: Советот да се откаже од блокадата кон Македонија

Продолжувањето на блокадата на отворање на пристапните преговори со Македонија поради нерешениот спор за името ги доведува веќе постигнатите резултати под знак прашалник. Долгорочно тоа би можело да го дестабилизира целиот регион, смета министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц. 

- Во наредните години потребно ни е поголемо ангажирање на сите институции на ЕУ, но и на самите земји-членки на Унијата за да може проширувањето да води кон успех – нагласил Курц.

Тој исто така истакнал и дека земјите од Западен Балкан мора да се сконцентрираат на конкретни реформи, особено на зајакнување на владеењето на правото и да ја интензивираат борбата против корупцијата.

Во однос на пристапниот процес на Македонија, шефот на австриската дипломатија изразил разочарување поради застојот.

- Продолжувањето на блокадата на отворање на пристапните преговори со Македонија поради нерешениот спор за името ги доведува веќе постигнатите резултати под знак прашалник. Долгорочно тоа би можело да го дестабилизира целиот регион. Затоа апелирам Советот конечно да се откаже од својата блокада – вели Курц.

10.10.2014 - 11:28


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега