Кои се симптомите на ебола?

Смртоносното заболување ебола името го добила по реката Ебола, во Конго, каде што болеста е првпат регистрирана во 1976 година.

Еболата предизвикува вирусна хеморагична треска, која опфаќа група вируси кои напаѓаат повеќе органи и системи во телото и често е придружена од крвавење.

Првите симптоми се треска, чувство на слабост, болка во мускулите, главоболка и воспалено грло. Овие симптоми можат да се појават од два до 21 ден по инфекцијата. Според Светската здравствна органзиација (СЗО) истите овие симптоми можат да бидат погрешно протолкувани како симптоми за маларија, менингитис или чума.

На пациентите им се појавува црвенило по кожата и во очите, болки во градите, проблеми со дишење и голтање, икање. Овие симптоми еволуираат во: повраќање, дијареја, проблеми со бубрезите и црниот дроб, а понекогаш и внатрешно и надворешно крвавење.

Еболата може да биде потврдена само со 5 лабораториски тестови.

10.10.2014 - 09:10


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега